Home Торта ЧОКОЛАДНА ТОРТА ЗА 15 МИНУТИ…Ќе ја правите секој ден…

ЧОКОЛАДНА ТОРТА ЗА 15 МИНУТИ…Ќе ја правите секој ден…

ЧОКОЛАДНА ТОРТА ЗА 15 МИНУТИ…Ќе ја правите секој ден…Самата постапка не одзема многу време, но ќе треба да се воздржите додека да се испече и олади…

Мека основа за колачи, богат ганаш, кремаст фил од рикота и крцкава чоколадна обвивка. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ

4 големи јајца
1 прстофат сол
100 г шеќер
100 г сенаменско брашно
40 г незасладено какао во прав
20 г скроб/нишесте/густин
Калап за печење од 18 см

За карамелен ганаш:
100 г шеќер
30 г несолен путер
100 мл крем, загреан (слатка павлака)

За фил:
70 г рикота или друго крем сирење
30 г шеќер во прав
150 мл слатка павлака
80 г чоколадо, растопено

За глазура:
60 г кикирики, потпечени и крупно сечкани
150 г чоколадо, растопено
малку масло

ПОСТАПКА:

1.Загрејте ја рерната на 180°C (350°F). Јајцата пенасто изматете ги со прстофат сол. Постепено додавајте го шеќерот и матете со миксерто додека да добиете густа смеса како крем.

2.Измешајте ги сувите состојки (брашно, скроб и какао), па просејте ги и малку по малку додајте ги во изматените јајца. Мешајте со шпатула или жица.

3.Сипете ја смесата во претходно подготвен калап (18 см) обложен со хартија за печење (на дното и обрачот), па ставете да се пече 25-30 минути на 180 степени.

4.Шеќерот растопете го во сува тава додека да добиете карамел, па додајте го путерот и мешајте додека целосно да се растопи на тивок оган.

5.Потоа додајте ја слатката павлака и мешајте додека сето убаво да се растопи и изедначи. Добиениот карамелен сируп претурете го во посебен сад и оставете да се олади.

6.Крем сирењето измешајте го со шеќерот во прав, па додајте ја слатката павлака и изматете додека сето да се изедначи и да добиете шлаг. Додајте растопено чоколадо и кратко изматете.

7.Печениот и оладен бисквит извадете го од калапот и пресечете го хоризонтално за да добиете две тенки кори.

8.Врз десертна чинија поставете ја едната кора, Распоредете половина од филот, во средината сипете го карамелниот ганаш, а врз него распоредете го остатокот од филот.

Поклопете со втората кора и ставете во фрижидер да се олади.

9.За глазура: кикирките истостирајте ги кратко во сува тава колку да замирисаат, а потоа крупно сомелете ги во блендер.

Чоколадото растопете го на пареа или во микробранова печка со малку масло (лажица-две), па сето заедно помешајте го со кикириките и залијте ја тортата. Оставете ја фрижидер најмалку 1 час пред послужување. Постапката погледнете ја ОВДЕ.