Чоколадна торта сочна како памук…Се топи во уста, лесна и едноставна за правење…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (се мери со чаша од 200 мл):

3 јајца
1 чаша шеќер
1.5 чаши млеко
0.5 чаша масло
4 супени лажици какао
1 кесичка ванила
2.5 чаши брашно
1 кесичка прашок за печиво
За да го подмачкате калапот за торта:
1 лажица путер

ПОСТАПКА:

Во длабок сад за матење со миксер пенасто изматете ги јајцата со шеќерот додека да добиете кремаста смеса. Потоа додајте млеко, масло, какао и ванила и продолжете со матењеето на помала брзина. Одземете една голема чаша од оваа течна смеса.

Во остатокот додајте просеано брашно и прашок за печиво, па изматете додека да добиете смеса. без грутчиња…Калапот за торта со средна големина намачкајте го со путер и во него излејте ја приготвената смеса.

Ставете да се пече во загреана рерна на 180 степени 30 минути. Испечениот колач извадете го од рерна и оставете го да отстои околу 5 минути. Избоцкајте го со врвот на нож или чепкалка за заби.

Малку по малку сипете ја течноста што ја одвоивте на почетокот и оставете да ја впие. Послужете ја добро изладена.

Колач за слабеење, не содржи шеќер, готов за неколку минути, здрав и многу вкусен, целиот е во чоколадо