Чоколадна торта со бисквити за 8 минути! Без јајца и желатин! Без печење…Може да биде и посна ако употребите посни бисквити, а млекото и путерот, ги замените со растително млеко и маргарин.
Ова е од оние рецепти кога сакате нешто да приготвите набрзински со состојки кои веќе ги имате в кујна и не треба ништо да печете ниту предолго да чекате за дегустација. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
120 г сечкани ореви
500 г бисквити искршени со раце
120 г шеќер или по вкус
1 кесичка ванилин шеќер ванилин
60 г какао во прав или 1/2 кесичка пудинг со вкус на чоколадо
250 мл млеко
150 г путер
И уште:
120 г сечкани ореви за декорација
100 г темно чоколадо
100 течна павлака
ПОСТАПКА:
Во тенџере сипете го млекото, шеќерот, ванилата и какаото, па ставете на оган да се загрева на умерена температура. Штом зоврие додајте го путерот и мешајте додека да се растопи и малку да згусне со конзистенција на течен јогурт.
Во друг подлабок сад измеѓајте ги бисквитите и оревите, па сипете ја течната, чоколадна мешавина и добро промешајте додека да добиете густа смеса.
Од оваа смеса можете да обликувате торта со облик каков што сакате, па дури можете да правите и топчиња. Можете да ја истресете врз десертна чинија и да ја обликувате тортата со раце, или пак да користите обрач.
Потребно е добро да ја натапкате смесата и да ја израмните за да нема празнини при сечењето. Одозгора посипете ореви и малку притиснете ги со дланката, па декорирајте со чоколадна глазура.
Пред декорацијата оставете ја тортата еден час во фрижидер. Во овој случај за глазурата доволно е слатката павлака да ја загреете во микробранова печка заедно со чоколадото искршено на коцки и да ги измешате додека да се соединат.
За посна верзија стопете го чоколадото со една-две лажички масло. Потоа оставете ја тортата уште половина час во фрижидер и можете да ја послужите. Целата постапка можете да ја погледнете ОВДЕ.