Чоколадна торта „Арапски приказни“…4 чоколадни бисквити и нежен фил кој се топи во уста…Нема да ве остави рамнодушни…

Вкусната повеќеслојна торта „Арапски приказни“ се состои од 4 чоколадни бисквити премачкани со најнежниот крем од лимон, кој потсетува на тортата „Птичјо млеко“.

Оваа торта е исполнета и со природни вкусови на путер и чоколадо, што и дава многу апетитен изглед и посебен вкус. Сигурни сме дека ваквата торта нема да остане незабележана од вашите гости и сакани! Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

За тестото (за 1 бисквит, а потребни се 2):
150 г путер на собна температура
160 г шеќер
3 јајца
1 лажичка прашок за печиво
1 лажичка сода бикарбона
30 г какао во прав
120 г брашно

За крем:
1 голем лимон
300 г путер на собна температура
750 мл млеко
140 г гриз
250 г шеќер
150 г темно чоколадо

За глазура:
200 г црно или млечно чоколадо
лешници
течна карамела

ПОСТАПКА:

1.пенасто изматете ги јајцата со шеќерот и прстофат сол додека да станат кремасти. Во посебен сад измешајте ги сувите состојки (п.п.сода, какао и брашно) и измешајте ги со путерот.

2.Малку по малку додавајте ја оваа смеса во изматените јајца. Соединете со миксер додека сите состојки да се изедначат во смеса со конзистентност на густа павлака.

3.Сипете ја смесата во калап 24 см со флексибилен обрач, обложен со хартија и намастен. Ставете да се пече во загреана рерна на 180 степени, 30 минути.

4.Печениот бисквит оставете да се олади, па извадете го од калапот, отстранете ја хартијата и оставете да се лади најмалку 3 часа. За тоа време пригответе го и вториот бисквит.

5.Фил: во тенџере на оган измешајте ги млекото и гризот. Мешајте непрекинато додека да згусне, а при крајот додајте го шеќерот и продолжете со мешање додека да се растопи и соедини. Оставете да се олади.

6.На ситно ренде изрендајте ја кората од лимонот, а потоа исцедете го сокот. Од оладените бисквити внимателно отсечете ги врвовите за да добиете рамна површина (се претвора во трошки за декорација). Бисквитот пресечете го на две тенки кори.

7.Пенасто изматете го путерот, па додајте ги сокот и ренданата кора од лимон, па сето заедно соединете го со миксер.

8.Постепено додавајте го оладениот гриз и повторно сето соединете го со миксер во нежен крем.

9.ФИЛУВАЊЕ: кора, крем, кора, крем…Оставете малку крем за да се обложи тортата од страните, па налепе ги трошките од претходно отсечените врвови од бисквитот (сомелете ги во блендер).

10.Растопете го чоколадото и сипете го врз тортата. Декорирајте со крупно сечкани лешници и течен карамел сос или по желба. Послужете откако тортата добро ќе ја изладите преку цела ноќ.

Тортата можете да ја правите и четириаголна во поголем калап за потенки кори. Постапката погледнете ја ОВДЕ.