Пробајте ја познатата кокос торта со чоколадо која е толку многу сочна. Кремасто задоволство со кокос и кекси – за 15 минути е готовa, а никој не може да ѝ одолее. Тортата се приготвува толку лесно и брзо, што може и дете да ја направи.
Многу вкусен и едноставен колач кој целиот е сочен и кремаст. Ако сте љубител на кокосот, овој колач е вистински погодок за вас, бидејќи се разликува од класичните кокос колачи, како бомбици или познатите „Баунти“. Eве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 4 јајца, 4 лажици шеќер, 4 лажици масло, 4 лажици обично брашно, 4 лажици млеко, 2 лажици какао, 1 кесичка прашок за печиво, 200 г кокос, 500 мл неутрална павлака, 3 пудинзи од ванила, 150 г шеќер. И уште ќе ви биде потребно: какао или чоколадно млеко за натопување на бисквитот, 900 мл млеко, 250 г чоколадо за готвење.
ПОСТАПКА: Во еден подлабок сад скршете ги четирите јајца и изматете ги пенасто. Кога јајцата ќе побелат и ќе го зголемат својот волумен, постепено започнете да додавате една по една лажица шеќер, додека непрекинато матите. Кога првата лажица шеќер ќе се растопи во јајцата, додајте ја втората и така до крај.
Додајте 4 лажици масло, соединете на истиот начин како шеќерот, па додајте 4 лажици млеко, 2 лажици какао и 1 кесичка прашок за печиво. Соединете ги сите состојки во течна и еднолична смеса, па излејте во кружен калап со флексибилен обрач (пречник 26 см).
Вака подготвениот бисквит печете го во загреана рерна на 180 степени, 25 минути. По печењето, оставете го бисквитот да се олади, а доколку под него сте ставиле хартија за печење, извадете ја, па вратете го бисквитот сосе обрачот во калапот. Во меѓувреме подгответе го филот.
За фил: Одвојте малку млеко од вкупната количина од 900, па растворете го прашокот од 3 пудинзи во него. Остатокот од млекото загрејте до вриење со 150 г кристал шеќер и 200 г кокос. За соединување со сувите состојки одвојте 200 мл млеко.
Кога млекото ќе зоврие, тргнете од оган или намалете ја температурата, па постепено додајте ја смесата со пудинг и мешајте постојано додека да згусне. Згуснатиот крем тргнете го настрана, покријте го со проѕирна фолија и оставете целосно да излади.
Издвојте 300 мл неутрална павлака (крем за готвење) и пенасто изматете, па кога пудингот ќе биде млак, додавајте лажица по лажица од снегот и матете со миксер. Преку оладениот пандишпан излејте 2 лажици чоколадно млеко или какао помешано со топло млеко. Филот рамномерно распоредете го преку кората и вратете во фрижидер додека да се свари глазурата.
За глазура: Загрејте ја преостанатат павлака за готвење до зовривање и веднаш тргнете од оган. Додајте го чоколадото искршено на коцки и мешајте додека да се растопи и соедини во мазна смеса. Малку оставете да излади па прелијте го преку тортата и вратете ја во фрижидер. Јас ја сечев после два часа, беше убаво стегната, а доколку сте трпеливи, најдобро е да ја оставите преку цела вечер. Деталите погледнете ги ОВДЕ.