Оваа глазура е вистинско огледало, отсликува се’ што ќе се постави над неа… а исто така, претставува добас спас во заден час, зошто секогаш завршува работа кога нешто ќе погрешите – е тогаш оваа глазура ги покрива сите грешки и недостатоци кои се случиле со тората…

Потребни состојки:

125 мл слатка павлака

125 мл вода

5-6 лажици шеќер

4 лажици какао или чоколадо во прав

10 г желатин

Постапка:

Во еден сад измешајте вода, павлака, шеќер – додадете какао или чоколадо во прав, ставете на тивко да се вари со постојано мешање за да се раствори убаво.

Кога ќе се појават многу меурчиња на површината тргнете од оган и додадете желатин. Измешајте убаво за да се растопи желатинот.

Веднаш додека е врело прецедете преку цедалка… нека излади малку и веднаш излејте ја преку тортата. Ова се прави брзо затоа што брзо се згуснува и се отежнува самиот процес на цедење.