Фото и рецепт со видео прилог: Лана Халиловиќ – Чоколаден мус колач. Овој колач буквално се топи во уста, целиот е нежен и кремаст со богат чоколаден вкус. Не се пече, а не ви е потребен ниту миксер. Многу едноставен! Не мора да сте експерти во кујна за да го приготвите.
Потребни состојки: 1 литар млеко, 100 г шеќер, 400 г слатка павлака, 60 г густин, 50 г, какао во прав, 250 г квалитетно црно чоколадо, 5 г желатин во прав
Постапка: Одземете малку млеко од еден литар, а остатокот ставете го на оган заедно со 100 г шеќер и 400 мл слатка павлака. Во одземеното млеко разматете 60 г густин и 50 г какао во прав, па добро промешајте да нема грутки. Треба да добиете мазна смеса.
Постепено додадете го зовриеното млеко, најдобро преку цедалка за да се добие мазна структура без грутчиња. Мешајте постојано на намалена температура додека да згусне смесата. На крај додадете 250 г црно чоколадо искршено на коцки, 5 г желатин во прав и промешајте да се растопат и соединат во смесата.
Долгнавест калап со димензии 30х10 см обложете со проѕирна фолија,(внимавајте да нема набори, па затоа добро оптегнете ја фолијата), па во него излејте ја целата содржина. Оставете да излади некое време на собна температура, а потоа и во фрижидер, најдобро преку цела ноќ.
Следниот ден превртете го колачот врз чинија за сервирање и отстранете ја фолијата. Одозгора наросете какао или чоколадо во прав. Деталите можете да ги погледнете во видеото: