За да ви успее со сигурност куглофот, треба да примените три основни правила:

1.Сите состојки треба да бида на температура од околу 20 степени (на собна Т);
2.Да ги просеете сите суви состојки, за да добиете повоздушест куглоф;
3.Рачно да ги промешате сувите состојки и да не мешате предолго, туку само колку да се поврзат и да се изедначи смесата.

Потребни состојки:

125 г путер
190 г шеќер во прав (просеан)
2 јајца (големи)
160 мл јогурт со 2,8 мм
80 мл кисела павлака 20% мм (или милерам)
280 г брашно или 2 шолји
2 лажички прашок за печиво
1 лажичка сода бикарбона
½ шолја какао (или околу 70 г)

за глазура:

100 мл млеко
100 г чоколадо (70% какао)
15 г шеќер во прав
15 г путер
за мерење се користи шолја од 250 мл.

Постапка:

Сите состојки треба да бидат на собна температура. Путерот треба да биде на околу 20 степени, но никако да не е размекнат премногу, а ниту да биде многу тврд.

Треба да се мати околу 10 минути. Прво се мати путерот, а потоа постепено му се додава шеќерот.

Брашното, какаото, прашокот за печиво и содата просејте ги. Јогуртот и киселата павлака измешајте ги за да се изедначат.

Путерот и шеќерот со миксер изматете ги во светка и воздушеста смеса. Јајцата цели додавајте ги едно по едно, матејќи цело време околу 30 секунди.

Додајте го брашното наизменично со јогуртот, мешајте рачно само додека смесата да се изедначи.

Калапот за куглоф намачкајте го со путер и посипете го со брашно. Ставете го тестото во калап (околу ¾ да зафаќа) со пречник 23 см.

Печете на 150 степени со вентилатор или на 170 степени во класична рерна во времетраење од 45-60 минути, или проверете со чепкалка.

Извадете го куглофот од рерна, 10 минути оставете да излади во калапот, а потоа извадете го и изладете го на жицата. Печењето секогаш прилагодувајте го според вашата рерна.

За глазура: прелијте преку сечкано чоколадо загреано млеко (мора да биде многу врело), додајте шеќер и путер.

Полека промешајте додека да се формира сјајна и мазна глазура. Украсете го колачот по ваша желба. Глазурата можете да ја направите и според некој ваш рецепт.

Сoolinarika.сom