Чоколадниот колач со пиво е најдобриот доказ дека необичните комбинации можат да дадат совршени резултати.
Потребни состојки:
4 јајца
220 г путер на собна температура
300 г шеќер
400 г брашно
70 г какао во прав
400 мл пиво
1 лажичка сода бикарбона
1 лажичка прашок за печиво
100 г црно чоколадо
и уште:
100 г црно чоколадо
1 лажица масло
Постапка:
1.Пенасто изматете го путерот омекнат на собна температура заедно шеќерот, па додавајте едно по едно јајце и продолжете да матете со миксерот додека сето убаво да се соедини.
2.Во друг сад ставете какао, па малку по малку додавајте пиво и мешајте за да нема грутчиња. На крај оваа смеса помешајте ја со смесата од јајца, па додадете го и брашното помешано со прашок за печиво и сода бикарбона.
3.Додадете го чоколадото исечкано на ситни парчиња.
4.Смесата излејте на во плех 25х35 см обложен со хартија и печете во претходно загреана рерна на 180 степени. Прверете дали е печено со чепкалка.
5.Изладениот колач прелијте го глазурата: чоколадото растепете го на пареа или на тивок оган заедно со една лажица масло.
Coolinarika.com