Фотографија и рецепт на Верица Ефремова Велкова. Еве го рецептот за сите заинтересирани што сакаат да си го направат, нема да зажалат. Превкусен е, евтин, брз, чоколаден…
Потребни состојки: 2 чаши јогурт, 1 ½ чаша шеќер, 2 чаши брашно, 2 лажици какао, ½ чаша масло, 1 прашок за печиво, 1 чаша = 250 мл
Постапка: Сите состојки се мешаат во еден сад во убава изедначена смеса, да нема грутчиња. Смесата се излева во плех претходно намастен и набрашет (со средна величина).
Се става да се пече во загреана рерна на 180 степени. Се проверува дали е печено со чепкалка за заби.
Печениот колач се остава да излади, а потоа се прелива со чоколаден сируп. За чоколаден прелив: 100 г чоколадо, 100 г путер или маргарин, 15 лажици млеко, 5 лажици шеќер
Постапка: Сите состојки се ставаат на тивок оган да се растопат со постојано мешање. Ладниот колач се прелива со топлиот чоколаден сируп. Одозгора можете да наросите кокос или нешто по ваша желба, но и вака е превкусен.
Коментар на Saska Cilevska: “Колачот е одличен, јас често го правам но во кексит ставам рендана кора од портокал, а во преливот половина од млекото го заменувам со сок од портоал. Домашните го обожаваат и го викаме “Црнец без јајца””
Коментар на Весна Михајловски: ”Наместо прашок за печиво ставам сода бикарбона, подобро е така, проверено! Инаку често правен многу јаден”.