Сочни и мирисни чоколадни коцки. Ова е нешто навистина сочно, а во неговиот вкус може да уживате и во лето и во зима. Не е премногу слатко како некои колачи од кои ќе ви се слоши – таман е!
За да го приготвите овој колач не ви се потребни јајца, ниту маргарин, ниту прашок за печиво, а не ви е потребен ниту миксер.
Ова е еден многу едноставен колач, а сепак има предобар вкус и доста излегува. Чоколадните коцки освен со овошне сок можете да ги прелиете со млеко или сварен шеќерен сируп…
Потребни состојки: 7 супени лажици брашно, 4 супени лажици шеќер, 1 кафена лажичка сода бикарбона, 2 супени лажици чоколадо во прав, 1 ванилин шеќер, рендана кора од 2 портокали, 1 чаша цврст јогурт/кисела павлака, 100 мл масло, 100 мл ладно млеко
За прелив: сок од 2 портокали. За фил: 500 мл млеко, 300 мл вода, 3 пудинг со вкус на чоколадо, 100 г чоколадо за готвење, 5 супени лажици шеќер
Постапка: Загрејте ја рерната на 200 степени. Измешајте ги сите суви состојки потребни за бисквитот, а потоа додајте ги течните состојки и добро изматете со жица за матење. Во овој колач не се користат јајца.
Добиената смеса излејте ја во плех или калап со димензии 30х25 см и ставете да се пече во загреана рерна на 180-200 степени околу 15-20 минути, во зависност од вашата рерна, па проверете со чепкалка дали е готов (ако излезе сува, значи дека бисквитот е доволно печен).
Врелиот бисквит прелијте го со свежо исцеден сок од два портокали, а по желба можете да користите и сок од тетрапак или млеко, чоколадно млеко, сварен шеќерен сируп, компот или нешто по ваш вкус. Оставете да се лади додека го приготвувате филот.
За фил: во едно тенџере ставете ги млекото и шеќерот на оган, а пудингот разматете го во вода. Кога млекото ќе зоврие, долијте го разматениот пудинг, па варете ја смесата до непрекинато мешање додека да згусне.
Тогаш додајте го чоколадото искршено на коцки и мешајте додека чоколадото да се растопи.
Со врелиот пудинг премачкајте го колачот, рамномерно распоредете и израмнете, па оставете да излади, најдобро преку цела ноќ. Сечете на коцки и украсете со шлаг, по желба. / Љубичица / Сооlinarka.com
Чоколаден колач, превкусен, евтин и многу брзо се приготвува, дома ни е омилен:
Фотографија и рецепт на Верица Ефремова Велкова. Еве го рецептот за сите заинтересирани што сакаат да си го направат, нема да зажалат. Превкусен е, евтин, брз, чоколаден…
Потребни состојки: 2 чаши јогурт, 1 ½ чаша шеќер, 2 чаши брашно, 2 лажици какао, ½ чаша масло, 1 прашок за печиво, (1 чаша = 250 мл)
Постапка: Сите состојки се мешаат во еден сад во убава изедначена смеса, да нема грутчиња. Смесата се излева во плех претходно намастен и набрашет (со средна величина).
Се става да се пече во загреана рерна на 180 степени. Се проверува дали е печено со чепкалка за заби.
Печениот колач се остава да излади, а потоа се прелива со чоколаден сируп. За чоколаден прелив: 100 г чоколадо, 100 г путер или маргарин, 15 лажици млеко, 5 лажици шеќер.
Постапка: Сите состојки се ставаат на тивок оган да се растопат со постојано мешање. Ладниот колач се прелива со топлиот чоколаден сируп. Одозгора можете да наросите кокос или нешто по ваша желба, но и вака е превкусен.
Коментар на Saska Cilevska: „Колачот е одличен, јас често го правам но во кексит ставам рендана кора од портокал, а во преливот половина од млекото го заменувам со сок од портоал. Домашните го обожаваат и го викаме ‘Црнец без јајца‘”.
Коментар на Весна Михајловски: ”Наместо прашок за печиво ставам сода бикарбона, подобро е така, проверено! Инаку често правен многу јаден”.