За сите љубители на чоколадото, ова е совршен десерт. Речиси и да не постои човек што не го сака чоколадото или десертите приготвен и од него. Доколку некогаш сте го пробале „турскиот мокар колач“, тогаш јасно ви е за што говориме.




Рецептот кој ќе го прочитате во продолжен ие е уште посочен и помек, што наместо со десерна виљушка можете да го јадете со лажица. Се приготвува многу едноставно, а полниот чоколаден вкус е она што се чувствува со првиот залак. Еве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 2 јајца, 12 лажици шеќер, 12 лажици млеко, 3 супени лажици млеко, 3 лажици масло, 2 лажици какао, 14 лажици брашно, 1 кесичка прашок за печиво. ЗА ПРЕЛИВ: 700 мл млеко, 4 лажици шеќер + 1 кесичка ванилин шеќер, 200 г чоколадо, 200-250 г путер/маргарин, 200 г мелени ореви, по желба малку рум, 2 лажици какао




ПОСТАПКА: Во подлабок сад пенасто изматете ги јајцата со постепено додавање на шеќерот, па кога ќе згуснат и станат кремасти, додајте ги останатите течни состојки: млекото и маслото, па изедначете.




Најдобро низ сито додајте ги сувите состојките како што се брашното, какото и прашокот за печиво, па убаво сето изедначете го во хомогена смеса без грутчиња (со шпатула или со миксер на најмала брзина).




Плехот со средна величина намастете го и наросете го со брашно, а вишокот истресете го. Излејте го приготвеното тесто, распоредете го рамномерно и израмнете. Ставете да се пече во претходно загреана рерна на 200 степени, 25 минути.




Печениот бисквит оставете го да се подизлади, па извадете го и внимателно пресечете го на половина и оставете го да се олади целосно. Во млекото ставете шеќер, ванила, чоколадо и путер, како и две лажици какао помешани со млака вода (за да не се направат грутчиња).




Тенџерето ставете го на оган да врие на тивок оган 15-тина минути со непрекинато мешање, па тргнете од оган и додајте ги мелените ореви и по желба рум. Филот оставете го настрана малку да се подизлади (да не е премногу врел).




Едниот дел од бисквитот вратете го во плехот во кој се печеше, така што со сечениот дел да биде свртен нагоре. Рамномерно прелијте со половина од филот преку цела површина, па поклопете со вториот дел од бисквитот, исто така со пресечениот дел свртен нагоре.




Залијте со остатокот од чоколадниот прелив и оставете целосно да се олади и да се впие. Одозгора по желба можете да наросите мелени или сечкани ореви, или пак да изматите шлаг и да декорирате. Деталите од целата постапка погледнете ги ОВДЕ.