Чоколадна Романса Торта
Оваа торта е вистинско ремек-дело за сите љубители на чоколадото, со совршена комбинација од крцкави кори и богат, кремаст фил.
Нејзиниот вкус е толку неодолив што ќе ве освои уште на првиот залак. Следете го овој рецепт и создадете десерт кој ќе ги воодушеви сите, пишува НМД. Еве што ви е потребно:
Потребни состојки за кори (4 кори, калап со дијаметар 22 cm)
– 3 белки
– 3 лажици шеќер
– 3 лажици мелени ореви и лешници (вкупно 200 g)
– 1 полна лажица мелен кекс
– 1 лажица брашно
– На врв од лажичка прашок за печиво
– 12 лажици млеко (по 3 лажици за натопување на секоја кора при составување)
Потребни состојки за фил
– 12 жолчки
– 12 лажици шеќер
– 2 кесички пудинг од чоколада
– 3 лажици густин
– 600 ml млеко
– 100 g чоколада за готвење
– 200 g маргарин или путер (на собна температура)
– НМД

Постапка за подготовка на корите
1. Загрејте ја рерната на 180°C. Обложете го калапот со хартија за печење.
2. Во сад, изматете ги белките додека почнат да се пенат. Постепено додавајте го шеќерот, лажица по лажица, додека да добиете цврст и сјаен шлаг.
3. Додајте ги мелените ореви и лешници, заедно со мелениот кекс. Потоа, внимателно вмешajte го просеаното брашно и прашокот за печиво.
4. Смесата рамномерно распоредете ја во калапот и печете околу 17 минути или додека кората добие златна боја (времето може да варира во зависност од рерната).
5. Оставете ја кората да се излади, па отстранете ја хартијата за печење. Повторете ја постапката уште три пати за да добиете вкупно четири кори.
Постапка за подготовка на филот
1. Во длабок сад, изматете ги жолчките со шеќерот додека да добиете пенеста смеса.
2. Додајте ги пудингот и густинот, па постепено вмешајте 100 ml млеко, мешајќи енергично за да се избегнат грутки.
3. Останатите 500 ml млеко ставете ги да зовријат, па тргнете го садот од оган. Додајте ја смесата со жолчки и постојано мешајте додека да се згусне во кремаста текстура слична на пудинг.
4. Ако се појават грутки, продолжете со енергично мешање или употребете миксер за да добиете мазна текстура.
5. Додајте ја чоколадата за готвење и мешајте додека да се растопи целосно. Покријте го филот со проѕирна фолија и оставете го да се излади целосно.
6. Во посебен сад, изматете го маргаринот или путерот на собна температура, па постепено, лажица по лажица, додавајте го во изладениот фил. Матете додека да добиете хомоген и кремаст фил.
Составување на тортата
1. На чинија за сервирање ставете ја првата кора и натопете ја со 3 лажици млеко. Премачкајте ја со една четвртина од филот.
2. Повторете ја постапката со останатите кори, завршувајќи со слој од фил.
3. Оставете ја тортата да отстои во фрижидер неколку часа за да се стегне и да се соединат вкусовите.
Сервирање
Тортата послужете ја ладна, по желба украсена со рендано чоколадо или мелени ореви. Уживајте во секој залак од оваа чоколадна романса! Рецепт на Ана од Инстаграм ОВДЕ:
https://www.instagram.com/p/DOG3IBbDczP/?utm_source=ig_web_button_share_sheet





































