Потребни состојки:
3 јајца
3 лажици шеќер
2 белки
1 лажица шеќер
3 лажици брашно
1 лажица какао
1 прашок за печиво
6 лажици мелени ореви
2 лажици млеко
5 лажици рум
За крем:
700 мл млеко
2 пудинг од ванила
120 г шеќер
2 жолчки
3 лажици инстант кафе
150 г путер
За чоколаден прелив:
200 г црно квалитетно чоколадо
400 мл слатка павлака
Постапка:
Пенасто изматете 3 жолчки и 3 лажици шеќер.
Брашното и какаото просејте ги, додадете прашок за печиво и мелени ореви, па измешајте со жолчките.
Изматете 5 белки (3+2) со лажица шеќер во цврст снег и полека соединете со претходната смеса. Излејте ја смесата во калап 22 см обложен со хартија и печете во загреана рерна на 180 степени околу 40 минути.
Печената кора изладете ја, отстранете ја хартијата и поставете на чинија за послужување. Околу кората повторно ставете го обрачот од калапот, а кората испрскајте ја со мешавина од 2 лажици млеко и 7 лажици рум.
Крем: во 500 мл млеко додадете шеќер и ставете на оган да зоврие. Во преостанатото ладно млеко додадете прашок за пудинг, додадетелесно разматени жолчки и сето добро промешајте го. Во врелото млеко додадете инстант кафе, а потоа и разматениот пудинг со жолчки и интензивно мешајте додека кремот да се изедначи, на умерена температура.
Готовиот крем тргнете го од оган, прекријте ја површината со проѕирна фолија и оставете да излади.
Путерот пенасто изматете го, па во неколку наврати додадете му од изладениот (млак) крем и добро изматете со миксер. Кремот прелијте го преку кората и ставете во фрижидер добро да излади и да се стегне.
Чоколадниот прелив е најдобро да го оставите за следниот ден.
Чоколаден прелив: чоколадото ситно исечкајте го. Слатката павлака загрејте ја, но тргнете од оган пред да зоврие. Додадете го чоколадото и мешајте за да се растопи и изедначи кремот.
Преку филот прелијте со чоколадниот крем и оставете да се лади во фрижидер уште најмалку 2-3 часа.