Чоко-моко торта – Рецепт и фотографии на Верица Николиќ.
Чоко-моко тортата е вистински десерт за сите љубители на кремасти и чоколадни вкусови. Овој рецепт е идеален за свечени пригоди, бидејќи не бара печење, а подготовката е едноставна и брза.
Резултатот е неверојатно мека торта што се топи во уста, совршена за секое славење, пишува НМД. Еве што ви е потребно:

Потребни состојки
За корите:
700 г темни правоаголни кори за торта
500 мл чоколадно млеко
За филот:
900 г кисела павлака
600 г мелен кекс
100 г шеќер во прав
58 г шлаг-крем од ванила (1 кесичка)
НМД
За белиот шлаг:
500 г бел шлаг-крем
400-450 мл ладна газирана вода
Постапка
1. Подготовка на филот: Во подлабок сад ставете ја киселата павлака и додајте го шеќерот во прав. Лесно измешајте со шпатула.
Подгответе го шлаг-кремот од ванила според упатството на кесичката, па додајте го во павлаката и измешајте.
Постепено, во два дела, додајте го мелениот кекс и мешајте додека да добиете мазен и едноличен фил. Поделете го филот на три еднакви дела.
2. Подготовка на белиот шлаг: Во посебен сад, изматете го белиот шлаг-крем со ладната газирана вода, додавајќи ја водата постепено додека да добиете мазна и лесно размачкувачка смеса.
Поделете го белиот шлаг на три дела, при што третиот дел нека биде малку поголем, бидејќи ќе се користи за премачкување на целата торта.
3. Составување на тортата: На послужавник ставете ја првата кора, свртете ја така што рамната страна да биде нагоре за подобро да го впие млекото, и натопете ја со дел од топлото чоколадно млеко.
Не е потребно да се искористи целото млеко, туку само доволно за корите да омекнат. Преку кората нанесете еден дел од филот со кекс.
Филот може да биде погуст, па по потреба навлажнете ја шпатулата со вода за полесно размачкување. Врз филот нанесете еден дел од белиот шлаг.
4. Повторете го процесот: Ставете втора кора, лесно притиснете ја, натопете ја со чоколадно млеко, па нанесете фил со кекс и бел шлаг. Истото направете го и со третата кора.
5. Завршна обработка: Последната кора натопете ја со чоколадно млеко, па премачкајте ја со преостанатиот фил со кекс.
Со поголемиот дел од белиот шлаг премачкајте ја целата торта, вклучувајќи ги и страните. Украсете ја површината по желба – на пример, со рендана чоколада, мешавина од мелен кекс, мелени лешници или бадемови ливчиња.
6. Оставете ја тортата во фрижидер преку ноќ за да се стегне и да се соединат вкусовите.
Оваа торта е идеална за секоја пригода и сигурно ќе ги воодушеви сите гости со својата кремаста текстура и богат вкус. Рецепт и фотографии на Верица Николиќ.





































