Чискејкот е еден од наједноставните и највкусни колачи кој сите го сакаат. Ако сакате вашите домашни и пријателите да ги изненадите со фин десерт, ова е рецепт за кој не ви треба печка, ниту лажица за готвење.
Потребни состојки:
2 шолји мелени бисквити
220-250 г путер
1-2 лажици шеќер (по желба)
2 сирен намаз (крем-сир) cca 220 – 250 g
200 мл слатка павлака
¼ шолја сок од лимон
1 лажица екстракт од ванила
1 конзерва компот од боровинки (може и праска, јагоди или шумско овошје)
Постапка:
1.Сомелете ги бисквитите и ставете ги во еден сад, па додадете шеќер и растопен путер, па сето заедно измешајте го.
2.Смесата втиснете ја на дното од калапот и ставете ја во фрижидер за да стегне.
3.Во меѓувреме во друг сад измиксајте го крем-сирот додека да стане кремав и мазен.
4.Додадете ја слатката павлака, лимоновиот сок и екстракт од ванила.
5.Мешавината излејте ја во калапот, израмнете со лажица, покријте со проѕирна фолија и ставете во фрижидер на најмалку три часа, или најдобро преку цела ноќ.
6.Колачот сервирајте го ладен и прелиен со боровинки.