Неговотот височество – чајот може да помогнe за време на лечење на многу болести кога се во почеток или за време на терапијата со лекови и инјекции. Затоа во домашни улови треба постојано да ви се на располагање неколку вида на чаеви.

Еве неколку видови на чаеви кои се препорачуваат против поедини болести и тегоби:

Чај од ѓумбир – против настинка

Експертите советуваат дека секојдневна употреба на чајот од ѓумбир изобилува со минерали и витамини што ефикасно помагаат при настинки. Особено е важно да се консумира во зимските денови, бидејќи успешно ги уништува вирусите кои предизвикуваат настинки. Ова растение претставува еден од најефикасните природни лекови, а најмногу се употребува за лечење на кашлица и настинки.

Ѓумбирот е идеален лек и против отоци, воспаленија, грчеви, јакнење на имунитетот, а покрај ова ја подобрува меморијата, ги уништува микроорганизмите и ја крева енергијата.

Може да се користи за детоксикација на организмот, а истовремено го намалува нивото на холестеролот во крвта, ги намалува болките и значително помага при подобрување на подвижноста на сперматозоидите.

Чај од мајчина душица – за проблематични менструации

За чајот од мајчина душица е познато дека помага кај заболувањата на дишните патишта, а се употребува и против желудечни тегоби и проблеми со варењето. За чајот од мајчина душица веќе споменавме дека е особено добар за смирување на нервниот систем, и дека влегува во состав на многу лекови за смирување. Така уште еднаш ќе нагласиме дека чајот од мајчина душица е ефикасно средство за да се справите со стресните денови и да се релаксирате.

Чајот од мајчина душица е многу ефикасен за смирување на цревната перисталтика, па поради тоа се користи во случаеви на интензивна дијареа, сам или во комбинација со друга терапија. Овој чај е особено користен и при нередовни менструации, болни и обилни менструации, исто така сам или во комбинација со друга терапија. Го препорачуваме на сите жени кои имаат проблематичен месечен циклус. Во тие денови интензивно конзумирајте го чајот од мајчина душица и со сигурност ќе забележите олеснување.

Чај од боровинка – за уморни очи

Чајот од боровница е многу ефикасен во лечење на воспаленија на мочниот меур и целиот уринарен систем, а се препорачува и за луѓето кои често ги заморуваат очите со возење или со работа пред компјутер, бидејќи чајот од боровница ја чува очната мрежница.

Чај од коприва – за анемија

Кај лицата склони кон анемија најчесто проблемот е во недостаток на железо, кое е неопходно за пренос на кислородот до ќелиите, односно за правилно функционирање на мускулите и другите биохемиски реакции. Постојат и природни лекови кои го забрзуваат процесот на создавање на железо и негово подобро искористување од храната која ја внесуваме. Затоа се препорачува да се пијат по три шољи дневно чај од коприва. Подгответе го така што, со 2дл врела вода ќе попарите една лажица суви листови од коприва.

Народната медицина препорачува користење на четири лековити билки, со цел да ја излечите анемијата. Тоа се мајчина душичка, нане, коприва и листови од рузмарин . Направете чај од сите овие билки, ставете лимон и засладете со мед. Витаминот Ц од лимонот, ќе ја подобри апсорпцијата на драгоценото железо. Потребно е дневно да пиете по половина литро од овој чај.

Планински чај 

И на крај планинскиот чај кој наоѓа широка примена во народната медицина. Се употребува како лек против грип, настинки, воспаленија, бактерии и зајакнување на имунолошкиот систем.