Шербетните колачи се највкусните ситни, старински колачи кои се јадат со брзина на светлината. За сите љубители на шербетните колачи, направете ги овие колачиња со ореви кои се подготвуваат со мерки на чаша. Во продолжение може да прочитате уште еден рецепт за шеќерпаре, колач со гриз, ореви и шеќер.




Нема некој кој не ги сака шербетните колачи кои се прекрасна декорација на празничната трпеза. Овие колачиња не се чуваат во фрижидер, така што ќе ви заштедат на простор, но и изгледаат прекрасно на убав и декоративен овал. Еве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (ПРВ РЕЦЕПТ): 2 јајца, 4 шолјички (за кафе) масло, 6 шолјички млеко, 3 шолјички гриз, 5 шолјички брашно, 1 кесичка прашок за печиво, 1 кесичка ванилин шеќер, 100 г мелени ореви, 100 г суво грозје. За шербет: 900 – 1000 г шеќер, 1 литар вода, 1 лимон (сок или сечени тркалцa), 100 г ореви за наросување одозгора.




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (ВТОР РЕЦЕПТ): ½ шолја шеќер, 2 јајца, 125 г путер/маргарин, ½ шолја гриз, 2 шолји брашно, 1 прашок за печиво. За полнење: јатки ореви и суво грозје. За шербет: 3 шолји шеќер, 3,5 шолји вода, 2 кесички ванилин шеќер.

Фото и рецепт: Родна Трпеска




ПОСТАПКА ЗА ПРВИОТ РЕЦЕПТ: Јајцата добро изматете ги со миксер додека да побелат и згуснат, додајте го шеќерот и матете додека да се растопи, па додајте масло, млеко и сите останати состојки. Добро соединетата смеса излејте ја во намастен плех 30х40 см и ставете да се пече во загреана рерна на 180 или 200 степени околу половина час.




Шербетот се вари околу 15 – 30 минути на тивко – умерен оган, а пред крајот му се додава сок од лимон или лимон исечен на тркалца. Ладниот колач прелијте го со млакиот шербет, не го сипувајте врел врз колачите, а одозгора богато наросете го со ореви и оставете добро да излади околу 1 ден, па дури после послужете го. Колку подолго стојат, толку се повкусни.




Можеби на почетокот ќе ви изгледа дека има премногу шербет, но се впива и ќе биде доста сочен. Се мери со шолја за кафе. Со овој рецепт не можете да погрешите, толку е лесен да се подготви.




ПОСТАПКА ЗА ВТОРИОТ РЕЦЕПТ: Најпрво се приготвува шербетот. Три шолји шеќер се вари во 3,5 шолји вода околу 10–15 минути. Пред крајот се додава ванилиниот шеќер. Шербетот се трга на страна и се остава да излади.




Двете јајца пенасто се матат со половина шолја шеќер додека да се растопи. Потоа се додава 125 г путер или маргарин, половина шолја гриз, две шолји брашно и еден прашок за печиво, па се замесува тесто.

Фото и рецепт: Родна Трпеска




Од тестото се кинат мали парчиња, се формираат топчиња, а во внатрешноста им се става ореви и суво грозје претходно натопено во вода и исцедено. Се печат во загреана рерна на 18 –200 степени додека убаво да заруменат. Врелите печени колачи се прелеваат со ладниот шербет и се оставаат да изладат. Фото и рецепт: Родна Трпеска.