Фото и рецепт: Антонија Јукиќ – Сок од цвекло, морков, јаболка, лимон и мед.
Ова е еден од старите рецепти за кои велат дека лекува многу болести и дека е многу здрав. Она за што јас го користев е анемија. И навистина е одличен. После испиени три дози од овој сок, анемијата исчезна. Дозите ги испив без прекин.
Велат дена не смее предолго и во преголеми количини да се пие овој сок, за да не предизвика хипервитаминоза. Не сум експерт, па не можам да дадам стручно мислење – вели Антонија во својата објава.
Еве за кој рецепт станува збор.
Потребни состојки:
500 г цвекло
500 г морков
500 г јаболка
сок од 2 лимони
250 г мед
Постапка:
Излупете ги горенаведените состојки и исцедете ги во соковник. Додадете лимонов сок и мед, па промешајте.
Се пие наутро на гладно по една чаша. Сокот се чува во фрижидер на ладно, добро затворен. Од горенаведените состојки излегува околу еден литар сок, што е доволно за 5 дена.
Ако немате соковник, прочитав дека може сите состојки да се изрендаат и да се остават така преку ноќ, а потоа да се процеди низ газа, убаво стискајќи со рацете. Додадете лимон и мед, па промешајте.
Коментар на Лилјана Бранковиќ:
Овој напиток му го приготвував на сопругот пред 6 години кога се оперираше од карцином… Еве, досега стигна и да се искачи на Монт Еверест (минатата есен)!
Напомена: Една чаша дневно од овој напиток не може да предизвика хипервитаминоза, но сепак треба да бидат внимателни луѓето со проблеми на бубрезите, бидејќи цвеклото содржи оксалати и може да поттикне создавање на камења во бубрезите.
Исто така, една студија од 2014 година откри дека пиењето на 250 мл сок од цвекло дневно не предизвикува сериозни нуспојави, но може да го намали крвниот притисок и може да дојде до обојување на урината и екскрементот, што е безопасно.