Многу вкусни и лесни за подготовка. Се прават многу брзо и од најприфатливите состојки кои веројатно ги имате в кујна, а излегува многу вкусно. Подгответе двојна порција одеднаш, нема да се покаете. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

За тесто:
200 г несолена урда
80 г путер
2 лажици шеќер
1 лажица ванилин шеќер
1 прстофат сол
200гр-/+ брашбо
1 лажичка прашок за печиво

За фил:
4 лажици шеќер
4 лажици кокосови снегулки

ПОСТАПКА:

Сипете ги сите наведени состојки без брашното во еден сад и измешајте ги да се соединат.

Потоа постепено започнете да го додавате брашното и замесете компактно, меко тесто.

Потоа тестото поделете го на два дела, едниот покријте го со кеса за да не се суши, а другиот развлечете го во што потенка кора. По потреба наросете малку брашно за да не ви лепи.

Исечете ги краевите за да добиете правилен праволаголник. Одозгора наросете шеќер и кокос, па свиткајте во ролат.

Исечете колачиња со должина од приближно 4-5 см или по ваша желба.

Наредете ги во плех обложен со хартија и печете ги во претходно загреана рерна на 180 степени, 20 минути. Во меѓувреме на ист начин подгответе го и вториот дел од тестото.

Оставете да се подизладат па наросете ги со шеќер во прав. Видеопрезентацијата погледнете ја ОВДЕ.