Фото и рецепт: Мирка Кањер

Потребни состојки:

500 г компир

2 јајца

200 г шеќер

1 ванилин шеќер

1 лимон – кора

1 прстофат сол

200 мл млеко

50 г свеж квасец

100 г путер / маргарин

600 г брашно отприлика, се додава постепено, тестото мора да биде меко

Постапка:

Компирот се вари и се пасира исто како за ноки, се додава путерот, па кога ќе излади се додава квасецот разматен во малку млеко. Потоа се додаваат сите останани состојки. Постепено се додава брашното, па кога ќе се измеси тестото се остава да надојде.

Удвоеното тесто се развлекува во кора со дебелина од 1 см, па потоа со чаша се вадат крофните, се оставаат малку да се удвојат, па се пржат во врело масло од двете страни.

Во оригиналниот рецепт се пржат во масло, но јас ги печев во рерна во плех обложен со хартија, па потоа малку ги испрскав со вода и ги наросив со кристален шеќер.

Фото и рецепт: Мирка Кањер