Зелениот плод е добар за белодробни и кожни болести, ја прочистува крвта, ги јакне мускулите…

Малку помалку се познати лековитите својства на младите листови, младите плодови и незрелиот плод, кои можат да помогнат кај многу болести, а најделотворни се ако се берат на почетокот од мај.

Младиот орев лекува белодробни болести, ја чисти крвта, го подобрува видот, ги јакне мускулите и коренот на косата, ги дезинфицира раните, ја подобрува функцијата на мозокот, спречува рак на дојка и простата и др.

Добро е познат како лек за чистење на крвта, а добар е и за лекување на белодробни болести, за јакнење на мускулите и подобрување на видот. Младите зелени ореви се богати со витамин Ц. Во комбинација со мед се одличен лек за болежливи и слаби.

Зрелите плодови се полни со масла, се јадат свежи и претставуваат одличен извор на омега 3 масни киселини, кои успешно го намалуваат нивото на лошиот холестерол во крвта.

Оревот се користи против инфицирани рани, кожни болести и воспаление на очи во облик на балсам или како бања.

Оревовото масло е добро за нега на косата и заштита од изгореници од сонце. Јатките содржат 65% масло, протеини, јагленихидрати, фосфор, калиум, магнезиум, витамин Б и Ц, железо.

ЧАЈ ОД МЛАДИ ОРЕВОВИ ЛИСТОВИ

Овој чај е особено делотворен, бидејќи во комбинација со медот го јакне и го чисти телото, па на тој начин го подобрува здравјето. Исто така, се користи кај проблеми со варењето, гихт, крвавење на непца, гнојни осипи, вагинален секрет…

Листовите содржат етерично масло со жолтеникава боја, кое во себе има танини и материи со топол и горчлив вкус. Оревовите листови се берат во јуни и јули, а пожелно е да се користат додека се свежи и зелени, бидејќи тогаш содржат најмногу лековити состојки.

Во споредба со другите јаткасти плодови, оревите содржат двојно повеќе антиоксиданти. Само 30 грама ореви дневно може значително да го подобри вашето здравје.

Бањата приготвена за нозе со чај од оревови листови може да помогне за отстранување на непријатните мириси.

КАКО СЕ ПРИГОТВУВА ЧАЈ ОД ОРЕВОВИ ЛИСТОВИ?

Листовите од орев одвојте ги од петелките и исушете ги (3-7 дена) во затворен и добро проветрен простор, распоредено во тенок слој со повремено превртување. Кога листот убаво ќе се исуши, се чува во хартиена или платнена кеса.

Ако сакате да ја вратите енергијата и да го зајакнете телото, чај од оревови листови се пие 3 до 4 пати дневно, во мали голтки, по една лажица.

Еве како се приготвува чајот: една супена лажица сув лист се става во 200 мл ладна вода, а потоа се става на оган да проврие 5 минути. Се остава поклопено 15 минути, по што се процедува. Дневно може да се испие до 2-3 шолји. Пред употреба секој треба да се советува со својот лекар.