Тогаш кога медицината е немоќна или кога луѓето сакаат да се лекуваат со фитотерапија, вреди да се проба со она што природата го нуди.

Овој чај им помогнал на многумина кои биле во тешка здравствена состојба и доколку прочитате поединечно за својствата на секоја билка, ќе ви стане јасно зошто е тоа така.

Секако, овој чај не е само за тешко болни, дури не може да наштети ниту ако се пие како и секој друг чај, превентивно, за јакнење на организмот или за секундарни тегоби. Секако, тоа треба да се прави умерено и со паузи.

Потребни состојки:

Еднакви количества од следните билки:

-лист од бреза (Betula pendula)

-ајдучка трева (Achillea millefoliuum)

-тегавец (Plantago)

-лист од коприва (Urtica dioica)

-афричка (црна) врба (Salix nigra)

Постапка:

Сите состојки убаво измешајте ги во поголема стаклена тегла.

Подготовка на чајот: една шака од билките се потопува во 2 литри врела вода и се остава да отстои 2 часа.

Потоа се процедува и се пие преку целиот ден.

Секој следен ден се приготвува нова доза.

Чајот може да се пие доста долг период без прекини од неколку месеци, но сепак, се препорачува да се прават паузи после секој 2-3 месеци по 10-тина дена.

Напомена: Наместо ајдучка трева може да користите коњско опавче (equisetum arvense).

Кој не сака или не може да пие чаеви, може да ја соџвака и изеде оваа доза мешавина во текот на денот.

Фото и рецепт: Милица