Чај од кромид и ловоров лист против кашлица – белодробните крила ќе ви бидат чисти за 3 дена. Проверен природен лек кој се подготвува за помалку од 15 минути. Овој чај ја раз-бива слузта за само 3 дена и помага за полесно искашлување.
Кромидот и ловоровиот лист ги чистат бронхиите и белите дробови. Исто така, ја ублажуваат б олката во грлото. Чајот се подготвува многу лесно, а веројатно состојките ги имате дома па може уште веднаш да го подготвите чајот.
Иако зимата пројде, вирусните и респираторните инфекции сè уште се многу чести, посебно во пролетниот период. Напитокот се пие топол, а може да го пиете двапати во денот, наутро и навечер.
Овој чај ќе ви помогне во полесно искашлување на насобраната слуз и ги одлично чисти дишните патишта. Се препорачува да се пие при воспаление на белодробните крила и помага при лекувањето на бронхитис.
Превентивно делува и кај бронхијалната астма. Во комбинација со ловоровиот лист, лековитите ефекти се зголемуваат за петпати. Овој чај е одличен и за дијабетичари.
Кромидот е богат извор на хром, реткиот минерал кој им помага на клетките соодветно да реагираат на нивоата на инсулин во кр-вта. На тој начин го олеснува дејството на инсулинот и го контролира нивото на шеќер.
Само една шолја од овој чај обезбедува 20% од дневните потреби на овој минерал. Овој чај е одличен и за висок притисок. Го намалува високиот притисок на тој начин што ги олабавува кр-вните садови.
Чајот од кромид и ловоров лист е одлична превенција за анемија и лекување на истата. Има важна улога во производството на еритроцити, црвени кр-вни зрнца. За лекување на анемија, чајот треба да се комбинира со домашен мед.
Го смирува желудникот и го подобрува варењето на храната. Само по една чаша од овој чај, вашиот желудник ќе се смири, работата на цревата ќе се нормализира и варењето на храната ќе се подобри.
За овој процес, важни се сапонините кои се содржат во кромидот. Сапонинот е природен аналгетик кој ги ублажува стомачните тег-оби и б олките за време на мен-струација.
Доколку секое утро го пиете овој чај, б олките во грлото ќе исчезнат за многу кратко време. Овој чај го смирува воспаленото грло, во комбинација со мед. Важно е да го пиете голтка по голтка чајот и да го држите во уста неколку секунди пред да голтнете.
Чајот од кромид помага и при уринарните инфекции. Доколку чувствувате пец-кање при мокрење, веднаш подгответе го овој чај. Има антибактериско дејство и ги уни-штува бактериите во урината. Веднаш ќе почувствувате олеснување.
Овој чај го подобрува помнењето. Јапонските научници откриле дека ги забрзува процесите во мозокот и е одлична превентива за старечка деменција. Исто така, помага во превенција на ракот.
Чајот од кромид го препорачува и познатиот австриски д-р Рудолф Бројс. Овој чај се споменува неговата книга, наменета за лекување на рак по природен пат. Прво го препишувал лекот за астма и бронхитис, а подоцна го вклучил и во терапијата на рак.
Кромидот има многу ниска калорична вредност (само 40 калории на 100 грама) и содржи многу малку масти, но е богат извор на растворливи растителни влакна. Фитохемикалиите – алиум и алил кои се содржат во кромидот се претвораат во алицин со ензимска реакција кога се нарушува интегритетот на главицата (гме-чење, се-чење итн.).
Студиите покажуваат дека овие состојки имаат антитуморски и антидијабетски својства (помагаат при снижување на нивото на шеќерот во кр-вта кај дијабетичарите).
Истражувањата покажале дека алицинот го намалува производството на холестерол преку инхибиција на HMG-CoA редуктивниот ензим во клетките од црниот дроб. Дополнително, кај него биле откриени антибактериски, антивирални и антигабични својства.
Алицинот исто така ја намалува крутоста на кр-вните садови преку ослободување азот монооксид (NO), а со тоа го намалува кр-вниот притисок. Исто така оневозможува формирање тромбови и има фибринолитско дејство на кр-вните садови, што помага при намалување на ри-зикот од развој на кардиоваскуларни заболувања на артериите и периферните кр-вни садови, а го намалува и ри-зикот од мозочен у дар.
Кромидот исто така е добар извор на антиоксидантскиот флавоноид кверцетин, за кој е потврдено дека има антиканцерогени, антивоспалителни и антидијабетски својства. Содржи солидна количина антиоксидантски витамини, витамин Ц и минералот манган.
Дополнително, изотиоцијанатските антиоксиданси во кромидот ги олеснуваат симптомите од грип и настинки, поради антивоспалителните својства. Кромидот е богат со витамини и од Б-комплексот, како што се: пантотенска киселина, пиридоксин, фолати и тиамин.
Пиридоксинот или витамин Б6 помага во одржувањето на високото ниво на гама-аминобутричната киселина во мозокот, што дејствува во спречување на развојот на нервни заболувања.
Ловоровиот чај се користи во лекување на болести на органите за варење, анорексија, губење на апетит, дијабетес, кардиоваскуларни нарушувања, како и за дезинфекција на области за заштита од вируси, грип, настинки и разни други микроби.
Ловоровиот лист има седа-тивно дејство и се користи во случај на нер-воза, нап-натост и несоница. Исто така, ловоровиот лист може да биде многу корисен во третманот на гихт и ревматизам.
Есенцијалното масло од ловор успешно се користи во третманот на заболување на лимфните јазли затоа што го зајакнува имунитетот. Доволно е да го протри-ете ловоровото масло на кожата во областа на грлото за да се ослободите од непријатноста.
Подготовка на чај од кромид и ловоров лист за кашлица – рецепт
Потребни состојки: 1 помала главица кромид, 1 поголем ловоров лист (може и 2), 300 мл вода, 1 лажички мед. Секогаш бирајте органски кромид, произведен во позната средина, непрскан.
Постапка: Најпрво исечете ги краевите на кромидот, а потоа пресечете го на четвртини. Користете ја и лушпата на кромидот, доколку е органски. Лушпата од кромидот е богата со кверцетин, моќен антиоксиданс кој спречува ширење на болестите.
Лушпата изобилува и со витамин Ц кој го забрзува лекувањето на кашлицата, вирусот и настинката. Кромидот треба да се готви заедно со се лушпата. Потоа во ѓезве или тенџере ставете 300 мл вода и почекајте водата да зоврие.
Откога водата ќе зоврие, во неа додајте го исечканиот лук со се лушпата, а потоа додајте еден до два ловорови лисја. Овој чај е одличен и за долгогодишни пу-ша-чи и за оние кои ст-ра-даат од бронхитис.
Ловоровиот лист во комбинација со кромидот и медот прави совршена комбинација која е многу лековита, а се подготвува многу едноставно и брзо. Оставете чајот да се готви 10 минути на умерена температура со повремено мешање со дрвена лажица.
По изминатото време, тргнете од шпорет, поклопете и оставете да отстои уште 15 минути. Процедете во шолја и додајте 2 лажички мед. Сварениот кромид не го фрлајте и искористете го во ручекот во комбинација со компир или како прилог. Одговара на секој ручек.
Добро промешајте го чајот и испијте го чајот веднаш. Слободно дозирајте го чајот двапати во текот на денот, наутро и навечер пред спиење. Деталите од целата постапка погледнете ја во видеото ОВДЕ. / Текстот за НМД.мк го напиша Мартина Христовска