Јачменот е еден посебен вид житна култура, а уште се нарекува и бисерен јачмен кој е одличен за здравјето, а особено за срцето и кр-вните садови. Секој знае дека јачменот е една од најздравите намирници, но постои посебен вид од овие житни култури кој има уште подобар ефект врз човечкото тело, а е особено ефикасен за правилно функционирање на срцето.
Руската лекарка Олга К. вели дека бисерниот јачмен е неверојатно корисен за здравјето. Оваа житарица содржи многу фосфор, неопходен за кардиоваскуларниот систем, одржување на забната глеѓ и коскеното ткиво.
Овој минерал е неопходен за нормална работа на срцевиот мускул, а неговиот недостаток во телото доведува до нару-шувања на леукоцитната хемотакса, зголемена чувствителност на еритроцитите и тромбоцитна дисфункција.
„Покрај тоа, јачменот содржи калиум, калциум, железо, вредната аминокиселина лизин, која го сти-мулира производството на колаген. Тоа е протеин кој директно влијае на изгледот и здравјето на нашата кожа, поради што јачменот се нарекува житарица на убавината“, советува докторката.
Таа, исто така, истакнува дека јачменот е диетална намирница која содржи многу малку маснотии – 1,1 г на 100 г. Единствените луѓе за кои не се препорачува оваа житарица се оние кои се нетолерантни на глутен, односно имаат целијакија.
„Најважно е да не се прејадувате, бидејќи јачменот предизвикува гасови. Од истата причина, житариците не треба да се даваат на деца под тригодишна возраст, дури и ако се добро зготвени.
Општо земено, за да се издигестира подобро, јачменот треба да се готви долго време, најмалку 50 минути, и подобро е ако претходно отстојал потопен преку ноќ“, советува докторката.
Чај од јачмен. ПОСТАПКА: Истостирајте го житото во тава („суво пржење“) 5 – 10 минути на среден оган, непрекинато мешајќи го. Додајте 10 дела вода на 1 дел жито (10:1) и оставете да зоврие.
Кога чајот ќе зоврие намалете го огнот на тивко и оставете да се вари уште 15 минути. Чајот од пченица е освежителен пијалак преку лето, а чајот од јачмен ги намалува маснотиите во организмот.
Исто така, може да ја искористите и лековитата вода во која се варел јачменот на следниот начин: Исплакнете го јачменот под млаз вода, а потоа натопете го во сад и оставете го да отстои во водата најмалку 4 часа. По изминатото време, процедете го јачменот и измешајте чаша јачмен со 3 – 4 чаши вода и префрлете ги состојките во тенџере.
Ставете го тенџерето на рингла и варете го додека да почне да врие водата, а потоа намалете ја температурата, поклопете го тенџерето и оставете водата да врие уште 45 минути до еден час, додека јачменовите зрна да омекнат.
Тргнете го тенџерето од рингла и оставете водата да се излади, а потоа процедете. Кон-сумирајте 1 – 2 чаши процедена јачменова вода на ден. Ако сакате да го подобрите вкусот, додајте малку лимонов сок или мед.