Бурек со месо, ќе го подготвувате често бидејќи вкусот е поубав од бурекчилница. Се прави со 1/2 кг кори за пита и готов е за брзо време. Само редите, премачкувате и ставате на печење. Сите што мислеа дека е многу комплицирано да се направи, ова е чист пример дека е многу лесно и едноставно.




Рецептот е на Анета Ане. Во продолжение ќе ви претставиме и состојки кои може да ги искористите доколку бурекот сакате да го направите посен за престојните денови. Еве што ќе ви биде потребно од состојки:

Фото и рецепт: Анета Ане




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (мрсна верзија): 500 г кори за пита, 500 г ситно сечкан кромид, сол, црн пипер (мелен). ЗА ПОПРСКУВАЊЕ НА КОРИТЕ: 200 мл масло, 200 мл минерална вода, 3 големи лажици кисело млеко, 1 кесичка прашок за печиво.




ПОСТАПКА: Во тенџере ставаме масло и го запржуваме убаво кромидот, потоа го додаваме меленото месо и него убаво го пржиме додека да посиви. Зачинуваме со сол и мелен црн пипер по вкус. За попрскување на корите измешајте ги следниве состојки: 200 мл масло, 200 мл минерална вода, 3 супени лажици кисело млеко и 1 кесичка прашок за печиво.




Убаво се промешува. Во намрсена тава ставаме 4 кори на кои што до половина од корите ја пополнуваат тавата, а другата половина од корите ги вадиме надвор од тавата и попрскуваме со смесата.

Фото и рецепт: Анета Ане




Потоа додаваме кора која ја гужваме и неа ја попрскуваме со смесата и додаваме од филот со месото и кромидот. Секоја наредна кора ја гужваме и попрскуваме, а на секоја втора кора ставаме од филот и така додека да го потрошиме целиот материјал.




На крај го затвораме бурекот со четирите кори што висеа од страните. Го попрскуваме и со нож го дупчиме на повеќе места. Ставаме да се пече во загреана рерна додека убаво да се испече одвнатре и фати коричка однадвор.

Фото и рецепт: Анета Ане




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (втора ПОСНА верзија): 500 г тенки кори. ЗА ФИЛОТ: 2 средни главици кромид, 2 компира, 400 г шампињони печурки, 3 лажици масло, сол, црн пипер, вегета. ЗА ПРЕМАЧКУВАЊЕ НА КОРИТЕ: 300 мл газирана вода, 100 мл масло. Постапката е идентична како што е опишано погоре во првиот рецепт.