Освен што ќе им помогне на луѓето со вишок килограми да го подобрат својот изглед, овој домашен и природен „лек“ има силно дејство и успешно помага при состојби како што се хипертензија и болести на кардиоваскуларниот систем.
Домашните природни лекови обично комбинираат неколку намирници кои се лесно достапни, а нивните здравствени придобивки се многубројни. Една од нив е комбинацијата од грејпфрут и мед.
Еве како се приготвува овој напиток. За да го направите ќе ви биде потребен еден голем, зрел грејпфрут и една лажица мед.
Исцедете го сокот, во чашата додајте лажица мед и дополнете со млака вода. Топлиот напиток е најдобро да се испие наутро, на гладен стомак.
Ако конечно сте одлучиле да го вратите телото во форма, еве што прво треба да направите – набавете неколку зрели плодови од грејпфрут кои ќе ви потраат за неколку денови. Исто така, набавете и природен мед.
И двете намирници имаат неверојатни лековити својства бидејќи содржат елементи кои се многу драгоцени за нашето здравје.
Патем, одамна е познато дека грејпфрутот е одличен сојузник на витката линија, речиси и да нема диета која го нема на менито.
Грејпфрутот содржи пектин, кој помага ефикасно да се отстрани вишокот холестерол од телото, а исто така го нормализира метаболизмот.
А, ликопенот е најсилниот природен антиоксиданс кој го штити организмот од атеросклероза и кардиоваскуларни заболувања.
СОВЕТ: треба да внимавате со грејпфрутот, односно да не се претерува со количината. Ако го јадете сиров и во големи количини, кај осетливи лица може да ја воспали слузокожата на желудникот и цревата, па да доведе до непријатности.
Затоа е одлично да се комбинира со медот, чии лековити својства се широко познати. Тој е богат извор на витамини и минерали, а оваа комбинација е особено добра бидејќи медот ги неутралицира киселините од грејпфрутот.
Овој напиток од грејпфрут и мед може да го користат и лица кои имаат полесна форма на гастроинтестинални проблеми. Ова овошје е познато како антиоксидант, но и по своето антибактериско делување.
Богат е со витаминин Ц, а содржи и витамини: А, Б, Д, Е, како и калциум, фосфор, магнезиум, манган, цинк, бакар и железо. Овој чудесен еликсиp содржи во себе корисни елементи и тоа:
Пектин, кој придонесува за ефиксно излачување на вишокот холестерол (ако секојдневно јадеме Грејпфрут, лошиот холестерол ќе се намали за 15,5%, а триглицеридите за дури 27%, покажуваат бројни истражувања), го намалува нивото на инсулин во кpвта и го нормализира метаболизмот.
Ликопен, кој помага во боpбата со токcините и штетните материи во организмот. Неколку голтки од овој еликсиp, после ручек (почекајте 20-тина минути по оброкот), во состојба е да согоpи речиси половина од калориите кои сте ги внеле со јадењето.
Грејпфрутот содржи бројни состојки кои помагаат во боpбата против настинките, а докажано е дека спречува појава на поедини видови канцеp и срцеви заболувања.
Сепак, имајте во предвид дека грејпфрутот може да го засили дејството на некои лекарства, па доколку примате редовна терапија, конcултирајте го вашиот лекар.
Доколку земате: лекови за намалување на притисокот, лекови за канцеp, статини за срце, антидепpесиви или антибиотици – одбегнувајте го грејпфрутот.











