Ова е уште едно брзо печиво со сирење кое навистина брзо и лесно се приготвува а толку многу е вкусно, што прво ми се разграбува на прославите.

Потребни состојки:

250 г путер/маргарин на собна температура
1 јајце
300 г сирење (вкусот зависи од сирењето што ќе го користите)
3 лажици сусам
1 лажица чиа семе (или по избор)
малку ким
1 лажичка сол (и ова зависи од сирењето, пробајте го тестото)
околу 320 г брашно + една рака за премесување
1 јајце за премачкување

постапка:

пенасто измиксајте го путерот, додадете го сирењето и јајцето. Убаво измиксајте за да се соединат состојките. Додадете ги семките и солта.

На крај додадете го брашното, постепено. Месете додека да добиете убаво меко тесто кое лесно се обликува.

Веднаш ставете го на хартија за печење и со оклагија развлечете го. Префрлете го во плехот каде ќе се пече, сечете штанглички и премачкајте ги со изматено јајце.

Печете во загреана рерна на 200 степени околу 20 минути, а ако ги сакате покрцкави, тогаш печете ги 30 минути. Деталите околу постапката можете да ги погледнете во видеото: