Навистина многу брзо се приготвуваат, а за вкусот уверете се сами.
Потребни состојки: 1 портокал, 200 г мелени бисквити, 100 г кокос, 100 г шеќер во прав, 50 г маргарин или путер, 1 лажица рум и цимет и ванилин шеќер да се валкаат топчињата
Постапка: Портокалот излупете го и исчистете го, па исечкајте го во блендер или на сечко, доста ситно. Додадете мелени бисквити, кокос и рум за вкус. Потоа додадете го путерот и шеќерот, па сето заедно добро измешајте го за да се изедначи.
Од смесата кинете со рака и формирајте топчиња. Валкајте ги во ванилин шеќер со цимет. Може да ги валкате и во кокос или во мелени бисквити или во кристален шеќер. И тоа е тоа. Многу едноставно.
Coolinarika.com