БРЗИ СИТНИ КОЛАЧИ…Со ванила и путер, се топат во уста…Еве што ви е потребно според рецептот на Донка Николаева:

РЕЦЕПТ 1 – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (се мери со чаша од 200 мл):

130 г путер на собна Т
1 чаша шеќер во прав
1 јајце
1 лажица есенција од ванила (или лимон)
4 г прашок за печиво
1 1/2 чаша брашно
120 г скроб/нишесте/густин (1 чаша)
1 лажичка какао за декорација
шеќер во прав – за посипување

РЕЦЕПТ 2 – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

150 г путер на собна Т
150 г шеќер во прав
200 г скроб/нишесте/густин
350 г брашно
2 јајца
1 лажица ванилин екстракт
2 лажички прашок за печиво
1 лажица какао во прав за декорација
се печат 25 минути во загреана рерна на 180 степени.

ПОСТАПКА за рецепт 1:

Путерот пенасто изматете го со шеќерот во прав додека да стане кремаст. Дпдајте ги јајцето и есенцијата, а на крај просеаното брашно, скробот и прашокот за печиво.

Треба да добиете меко тесто кое лесно се обликува со рака. Правете топчиња и редете ги во плех обложен со хартија за печење.

Земете едно шише и отворот натопувајте го во какао, па притиснувајте ги колачињата во средината за да добиете облик на печурки шампињони.

Печете во загреана рерна на 190 степени додека сосем малку да заруменат (треба да останат светли). Додека се топли посипете ги со шеќер во прав.

Видеото од рецептот 2 можете да го погледнете ОВДЕ: