БРЗИ ШТРУДЛИ…Едноставни, евтини колачи со џем…За секој ден и за секаква пригода…Еве што ви е потребно:.

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

250 г омекнат маргарин или путер
200 мл цврст јогурт или кисело млеко
1 вванилин шеќер
600 г брашно
1 лажичка прашок за печиво 5 г
џем/мармалад за полнење и шеќер во прав за валање

ПОСТАПКА:

1.Во подлабок сад измесете го омекнатиот маргарин со јогуртот, шеќерот и ванилата. Потоа додајте брашно и прашок за печиво, па продолжете со месење додека да добиете мазно, компактно тесто.

2.На набрашнета површина развлечете го во голема кора со димензии приближно 40х40 см. Исечете ја кората на ленти, во средината распоредете мармалад, а потоа затворете ги лентите и малку сплескајте ги со дланката за да се изедначи спојката.

3.Сечете штрудлички и редете ги во плех опбложен со хартија. Печете ги 20 минути о претходно загреана рерна нна 180 степени. Треба да останат светли и сосем малку да заруменат.

4.Додека се топли валајте ги вво шеќер во прав. Постапката погледнете ја ОВДЕ.

https://youtu.be/9XrJUd6Kcl0?si=ImNklyRo2PN_3ogl