Брзи плазма коцки – готови се за 20 минути…со пудинг од ванила и ореви, неодолив вкус…Се топат во уста!

Потребни состојки:

300 г бисквити
50 мл млеко

За фил:

3 пудинг од ванила
750 мл млеко
6 лажици шеќер
250 г путер/маргарин омекнат на собна Т
200 г шеќер во прав
2 кесички шлаг
200 г ореви

И уште за декорација: 50 г ореви

Постапка:

Прво сварете го пудингот со 750 мл млеко и 6 лажици шеќер. Оставете да излади. Изматете го путерот со шеќер во прав. Шлагот изматете го според упатството на кесичката.

Кога пудингот ќе излади додајте во него изматен путер, а откако ќе го соединете додајте го и шлагот, па сето убаво соединете го со шпатула. Во смесата додајте мелени ореви.

Филувајте: на тацна наредете бисквити кои претходно ктатко сте ги натопиле во млеко, па ставете половина од филот и израмнете, па повторно наредете бисквити и на крај остатокот од филот.

Декорирајте со мелени ореви, оставете во фрижидер да се стегне. Можете да сечете на коцки или штангли.