Рецепт и видео прилог на Снежана Петрова од Мала Кујна: Брзи пирошки.
Многу едноставен рецепт за вкусен оброк, кога сакате нешто набрзина да приготвите. Се замесува смеса, се развлекува кора, се сече и се пржи.
Потребни состојки:
3 јајца
300 г брашно
1 прашок за печиво
1 лажичка сол
300 г сирење
150 г шунка
Постапка:
Во поголем сад скршете ги јајцата и додадете го сирењето. Со виљушка изгмечете го сирењето и соедините го со јајцата. Потоа додадете ја ситно исечканата шунка и посолете со една лажичка сол.
Промешајте и додадете една кесичка прашок за печиво и 300 г брашно. Замесете со рака додека да добиете убаво мазно тесто кое не се лепи. Во меѓувреме загрејте длабоко масло за пржење.
На набрашнета работна површина развлечете кора со оклагија со дебелина од 1 см. Кората исечете ја на ленти со дебелина од 2-3 см или по ваш избор, а потоа на коцки или правоаголници.
Во загреано масло спуштајте ги пирошките да се пржат по неколку минути од двете страни додека убаво да заруменат. Вадете ги во сад со хартиена салветка и послужете ги топли или ладни, секако се вкусни. Деталите од постапката може да ја погледнете во видеото: