Ако го одземете времето за стасување на квасецот и тестото, овие печива се приготвуваат навистина брзо и лесно, а се печат за само 15 минути.
Потребни состојки: 450 г брашно, 250 мл вода, 3 лажици путер, 3 лажици шеќер, 1 лажица сол, 1 лажица масло, 1 кесичка квасец. За премачкување: 1 лажица млеко, 1 јајце и сусам за наросување
Постапка: Квасецот измешајте го со малку брашно и млака вода, па оставете го да стаса и да се запени. Додадете шеќер, путер, сол и остатокот од брашното, оа изматете со миксер (со спирални продолжетоци) додека да стане еластично.
Тестото истресете го на набрашнета површина, премесете го и оставете го 2 часа да стасува.
Потоа тестото развлечете го со раце во ваљак и поделете го на 8 делови. Обликувајте ги парчињата во топки, па наредете ги во тепсија и оставете ги повторно да стасуваат околу еден час.
Изматете јајце со млеко и премачкјате ги печивата. Одозгора наросете ги со сусам и ставете ги да се печат во загреана рерна на 190 степени околу 15 минути.
domacica.com