Home ситни колачи Брзи новогодишни колачи со портокал, лесни и едноставни, а многу брзи

Брзи новогодишни колачи со портокал, лесни и едноставни, а многу брзи

Брзи новогодишни колачиња за 10 минути

Овие новогодишни колачиња се совршен избор за брз и вкусен десерт кој ќе ги воодушеви вашите сетила.

Со едноставни состојки и лесна подготовка, овој рецепт нуди крцкаво тесто и освежителен фил од портокал што се топи во уста. Идеални за уживање со попладневно кафе или за послужување на гости, пишува НМД. Еве што ви е потребно:

Потребни состојки

– 300 г брашно
– 1 прстофат сол
– 1/2 лажичка прашок за печиво
– 1 лажичка ванилин шеќер
– 100 г путер
– 150 г кисела павлака или цврст јогурт
– 1 јајце
– 450 г портокали (2 парчиња)
– 100 г шеќер
– 30 г пченкарен скроб
– Малку брашно за работната површина
– Шеќер во прав за посипување
– НМД

Постапка

1. Во длабок сад измешајте 300 г брашно, прстофат сол, 1/2 лажичка прашок за печиво и 1 лажичка ванилин шеќер. Добро промешајте ги сувите состојки.

2. Додајте 100 г ладен путер исечен на коцки. Со врвовите на прстите измешајте додека смесата добие ронлива текстура, слична на трошки.

3. Во смесата додајте 150 г кисела павлака и 1 со виљушка изматено јајце. Мешајте со лажица, а потоа со раце замесете средно меко тесто кое не се лепи. Завиткајте го тестото во проѕирна фолија и оставете го во фрижидер 30 минути.

4. За филот, во тенџере ставете рендана кора од еден портокал. Останатите портокали излупете ги, а пулпата изблендирајте ја со рачен блендер до мазна смеса. Префрлете ја во тенџерето.

5. Во смесата од портокал додајте 100 г шеќер и 30 г пченкарен скроб. Добро измешајте и варете на средна температура, постојано мешајќи, додека смесата се згусне.

Пудингот од портокал тргнете го од оган, покријте го со проѕирна фолија и оставете го да се излади на собна температура.

6. На работна површина посипана со малку брашно, поделете го тестото на 4 еднакви делови. Од секој дел обликувајте топче и покријте ги со кеса за да не се сушат. Секое топче развлечете го во тенка кора со пречник од приближно 30 см.

7. Секоја кора исечете ја на 8 триаголници. На поширокиот дел од секој триаголник ставете по една лажичка од изладениот фил од портокал. Превиткајте ги страните за да го затворите филот и свиткајте ги во форма на кифлички.

8. Наредете ги колачињата во плех намастен со малку масло. Печете во загреана рерна на 180°C околу 30-35 минути или додека не добијат златна боја.

9. Откако ќе се изладат, валкајте ги колачињата во шеќер во прав.

Уживајте во овие вкусни портокалови колачиња со неодолив вкус! Постапката погледнете ја во видео прилогот ОВДЕ:

https://youtu.be/n2UqoEXbtQw?si=HbUBIJM2T5AK4bKx