Рецептот е толку краток и едноставен, а кифличките се предобри, не пропуштајте и запишете си го. Сите што го испробаа рекоа дека следниот пат ќе приготват двојна мера, зашто многу брзо се изедуваат.
Можеби не се класичните класичните лиснати кифли и не се двојат на „сто листови“, но според вкусот се многу слични. Еве што ви е потребно според рецептот на Линда:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 500 г брашно, 250 г маргарин, 1 јајце, 1 кесичка прашок за печиво, 180 г кисела павлака, за фил џем, крем или што сакате…
ПОСТАПКА: Во поголем сад просејте го брашното и помешајте го со прашокот за печиво, а во средината сипете го јајцето, киселата павлака и омекнатиот маргарин, па замесете убаво мазно тесто.
Ставете го во кеса и оставете го фрижидер малку да се стегне, приближно половина час. Потоа развлечете го во кора (може да го поделите на два дела за поситни кифлички или како сакате).
Сечете триаголници или правоаголници, филувајте ги со што сакате и виткајте ги кифлите.
Редете ги во плех обложен со хартија за печење и ставете ги во рерна загреана на 180 степени. Печете ги 15-тина минути. Кога ќе се оладат валајте ги во шеќер во прав.