Брзи лепињи со јогурт и кашкавал…На децата им се омилени…се печат 10 минути во рерна…Еве што ви е потребно:
Потребни состојки:
500 г меко брашно
1 јајце на собна температура
250 мл млака вода
½ коцка свеж квасец
3 лажици масло
1 лажичка шеќер
1 лажичка сол
За премачкување:
200 мл кисела павлака/цврст јогурт
1 јајце
1 лажица масло
оригано/сечкан власец/сол
100 г рендан кашкавал
Постапка:
1.Од наведените состојки замесете меко тесто. Најпрво растворете го квасецот во млака вода со шеќер и малку брашно, па откако ќе запени, додајте го јајцето, промешајте, а потоа постепено додајте го брашното помешано со сол.
2.Треба да добиете меко тесто кое малку се лепи за прсти. Сипете малку масло, домесете го кратко и оставете го покриено да ферментира еден час.
3.Тестото е доста меко па набрашнете ја добро површината на која ќе ги формирате лепињите, приближно 10-12 парчиња. Значи, истресете го на набрашнета површина, нежно премесете го со валање, подолете го и обликувајте топчиња.
Топчињата покријте ги и оставете ги да одморат 10 минути. Потоа со прсти или со оклагија отворете ги во лепињи.
4.Секоја лепиња премачкајте ја со смеса од јогурт и јајца, зачини, а одозгора посипете рендан кашкавал.
5.Оставете ги да отстојат 10 минути, па печете ги на 220 степени, околу 10 минути во претходно загреана рерна.
Послужете ги топли со јогурт или кисело млеко.