Брзи колачи за 10 минути – СЛАДОЛЕД ТОПЧИЊА со чоколадо…хит за ова лето…Излегуваат 24 убави големи топки. За подготвка ќе одвоите само 10 минути, а за печење уште 20 минути…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (се мери со мала чајна чаша од 125 мл и чаша од 200 мл)

200 г путер или маргарин на собна температура
1 мала чајна чаша масло 125 мл
1 јајце
1 кесичка прашок за печиво
1 кесичка ванилин шеќер
1 чаша скроб
1 чаша шеќер во прав
3,5 чаши брашно
1 мала чајна чаша чоколадни капки/чипс

За декорација:
стопено чоколадо
мелени ф’стаци

ПОСТАПКА:

1.Во подлабок сад сипете ги сите потребни состојки освен чоколадните капки. Замесете со рака додека сите состојки да се соединат.

На крај додајте ги чоколадните капки и домесете за да се распоредат.

2.Со лажица за црпење сладолед црпете од тестото и топчињата редете ги во плех обложен со хартија за печење.

3.Печете ги во загреана рерна на 170 степени, 20 минути.

Декорирајте ги со растопено чоколадо и мелени ф’стаци. Постапката погледнете ја ОВДЕ.

https://youtu.be/VAV6WvNsrN8?si=HobTxVfRpFvixiOb