Фото и рецепт: Јадранка Јурчевиќ

Овие уштипци се приготвуваат многу брзо, не ги чекате да нараснат, нема квасец. Од оваа мерка излегуваат баш доста. Евтини се а боговски вкусни, нас дома сите не воодушевија. Преубави, златни, воздушести, шупливи уштипци кои се прават за 10 минути.

Потребни состојки:

250 мл јогурт

1 јајце со средна величина

½ кесичка прашок за печиво

1-1,5 лажичка сол, по вкус

450-500 г брашно

Масло за пржење

Постапка:

Во еден сад ставете го прво јогуртот, додадете јајце па разматете со миксер. Додадете прашок за печиво и сол, па постепено со мешање додадете брашно. Замесете меко и мазно тесто па префрлете го ан побрашнета површина и развлечете со оклагија.

Исечете коцки или облик по ваша желба, па пржете во врело масло.

Кога ќе ги ставите уштипците да се пржат, намалете ја температурата на умерено.

Пржете ги од двете страни додека да добијат златна боја, па редете ги во чинија обложена со хартиена салветка за да се впијат вишокот маснотии.

Фото и рецепт: Јадранка Јурчевиќ

Целата постапка можете да ја погледнете во видеото: