Брзи и лесни кекс колачи за целото семејство…Многу вкусни, се топат во уста…Кафето ни е многу повкусно кога ги имам и овие колачи…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

100 г путер на собна Т
70 г шеќер во прав
4 лажици масло
1 јајце
1 прстофат сол
8 г ванилин шеќер
60 г кокосово брашно/снегулки
4 г прашок за печиво
40 г скроб/нишесте/густин
120 г брашно

За фил: замрзнат чоколаден намаз (нутела) или чоколадо
Се печат на 180° 15-20 минути
И уште: џем и кокос

ПОСТАПКА:

Путерот соединете го со шеќерот во прав, па додајте масло, јајце, сол и ванила. Изматете со жица, па додајте ги редоследно сувите состојки и на крај со постепено додавање на брашното замесете компактно, меко тесто кое лесно се обликува.

Правете топчиња, сплеснувајте ги, во средината ставете смрзнат намаз или чоколадо и повторно обликувајте. Колачите наредете ги во плех обложен со хартија и печете ги 15-20 минути на 180°.

Кога ќе подизладат потопувајте ги или премачкувајте ги во растворен џем и валате ги во кокосово брашно.

Постапката погледнете ја ОВДЕ: