Експресен колач кој се приготвува без мака за многу кратко време.

Потребни состојки:

3 јајца
12 лажици шеќер
1 филџан масло
1 филџан млеко
15 лажици брашно
1 прашок за печење
100 г кокос

за прелив:

15 лажици вода
15 лажици шеќер
3 лажици какао
1/4 коцка маргарин
1 ванила шеќер

Постапка:

Јајцата и шеќерот убаво се матат додека да побелат.

Потоа, постепено се додава млекото, маслото, брашното и прашокот за печење и на крај кокосот.

Смесата се истура во плех бр.28 и се става да се пече во претходно загреана рерна на 180 степени околу 20 минути.

Во огноотпорен сад се ставаат сите состојки за преливот и на умерен оган со повремено мешање се растопуваат додека да се спојат.

Смесата не смее да проврие.

Кога малку ќе подизлади колачот се сече на парчиња со големина по ваша желба и потоа се прелива со преливот.

Преливот треба да навлезе помеѓу исечените делови.