БРЗИ ЧАЈНИ КОЛАЧИ СО ОРЕВИ…за час се подготвуваат, одлични за со кафе, се топат во уста…Еве што е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (се мери со мала чајна чаша од 120 мл и обична чаша од 200 мл):

200 г путер омекнат
1 мала чајна чаша шеќер во прав
1 јајце
1 прстофат сол
1 кесичка прашок за печиво
4 чаши брашно/контролирано
8 – 10 ореви (1-2 полни раце сечкани ореви)

ПОСТАПКА:

1.Во омекнатиот путер сипете ги шеќерот и јајцето, промешајте, па постепено додајте го брашното помешано со сол и прашок за печиво. замесете меко, мазно, нелепливо тесто.

2.Додајте ги сечканите ореви, промешајте, па кинете од тестото и обликувајте ги колачите со облик каков сакате.

3.Наредете ги во плех обложен со хартија и печете ги во загреана рерна на 185 степени 15-тина минути или колку само малку да заруменат, а да останат светли.

4.Валајте ги во шеќер во прав. Постапката погледнете ја ОВДЕ.