Брза зимница од пиперки без конзерванси
Овој традиционален рецепт за зимница од пиперки е совршен избор за сите што сакаат едноставна, брза и природна подготовка без употреба на конзерванси.
Со неколку состојки и минимален напор, ќе добиете исклучително вкусна зимница што ќе го збогати секој оброк.
Подготвена за само 30 минути, оваа зимница е идеална за зачувување на свежината и аромата на пиперките, пишува НМД. Еве што ви е потребно:
Потребни состојки
– 2 кг пиперки (помали по големина, по избор)
– неколку чешниња лук
– зрна црн пипер
– ловоров лист
– 1 лажица сол (по тегла)
– 1 лажица шеќер (по тегла)
– 4 лажици алкохолен оцет 9% (по тегла)
– 20-30 мл масло (по тегла)
– НМД

Постапка
1. Загрејте ја рерната на температура од 150 до 160 °C.
2. Пиперките измијте ги, исчистете ги и ставете ги во загреаната рерна. Печете ги 10 до 15 минути, додека малку да омекнат, внимавајќи да не се препечат.
3. Во меѓувреме, подгответе стерилизирани тегли и нови капаци.
4. Врелите пиперки внимателно редете ги во теглите, додавајќи меѓу нив сечкан лук, зрна црн пипер и ловоров лист.
5. Во секоја наполнета тегла сипете 1 лажица сол, 1 лажица шеќер и 4 лажици алкохолен оцет.
6. Додадете 20-30 мл масло во секоја тегла.
7. Веднаш затворете ги врелите тегли со чисти и нови капаци. Превртете ги теглите наопаку (на капакот).
8. Во текот на следните 24 часа, повремено превртувајте ги теглите за да се растворат солта и шеќерот.
9. По 24 часа, складирајте ги теглите на темно и поладно место во оставата.
Оваа зимница е готова за консумација по неколку дена, кога вкусовите ќе се соединат, а може да се чува со месеци. Постапката погледнете ја во видео прилогот ОВДЕ:




































