Вкусот е одличен, се јаде во еден ден!
Потребни состојки: 5 јајца, 11 лажици шеќер, 3 шлаг крем, 450 мл млеко, 1 ванилин шеќер, 100 г мелени ореви, 100 г мелени бисквити, 3 реда чоколадо
Постапка: белките изматете ги со шеќерот во цврст снег, а потоа додавајте ги една по една жолчките матејќи постојано.
Во друг сад посебно изматете го шлагот со млеко и ванилин шеќер. Соединете ги двете смеси, падобиениот крем поделете го на три дела.
Во првиот ставете ореви и бисквити, во вториот дел ставете растопено чоколадо, а третиот дел останува каков што е.
Редење во калап обложен со проѕирна фолија: прво смесата со ореви како подлога, потоа смесста со чоколадо и на крај третиот, жолт хрем.
Ставете во замрзнувач. Рок на траење: една седмица, но никогаш не останала толку, обично се јаде за ден-два.