Home погача Брза погача без месење…Измешај, сипај и печи…Најлесен рецепт за памук мека погача

Брза погача без месење…Измешај, сипај и печи…Најлесен рецепт за памук мека погача

Погача без месење – Брз и едноставен рецепт за совршено печиво

Оваа погача е вистинско откритие за секој што сака домашно приготвено печиво без многу труд.

Со едноставно мешање на состојките, истурање во плех и печење, добивате мека, пенлива и мирисна погача што е идеална за секој оброк.

Овој рецепт е совршен за оние денови кога сакате вкусен додаток на трпезата, а немате време за сложени подготовки, пишува НМД. Еве што ви е потребно:

Потребни состојки

350 г брашно
200–250 мл јогурт
1 кесичка сув квасец разматен во сосем малку водичка
3 јајца
200 г сирење (100 г за во тестото, 100 г за посипување одозгора)
30 мл масло
1 жолчка за премачкување на погачата одозгора (по желба)
сусам за посипување (по желба)
НМД

Постапка

1. Во длабок сад, изматете ги јајцата со маталка или виљушка.
2. Сипете го јогуртот, маслото и сувиот квасец, па добро промешајте.

3. Постепено додавајте го брашното и сирењето (100 г), мешајќи додека да се добие хомогена смеса.

4. Обложете тепсија (средна големина) со хартија и истурете ја смесата рамномерно. Одозгора посипете сирење (100 г), сусам и разматена жолчка.

5. Печете во претходно загреана рерна на 200-210 °C околу 20–25 минути или додека погачата да добие златна кора. Пред крајот покријте ја со алу-фолија за да потемне одозгора.

6. Откако ќе се испече, оставете ја кратко да се излади пред да ја сечете.

Совети за сервирање и варијации

За побогат вкус, во смесата може да додадете лажица кајмак или павлака. За крцкава текстура, посипете семе од лен или сусам пред печење. Погачата е највкусна кога е свежа, но може да се чува во затворена кеса или сад до два дена.

Оваа погача е брзо и лесно решение за секоја пригода, а нејзината едноставност и вкус ќе ги освојат сите на трпезата! Постапката погледнете ја во видео прилогот ОВДЕ: