Потребни состојки:
500 г плазма мелени бисквити
200 г мелени лешници/ореви
200 г шеќер во прав
200 г путер/маргарин за колачи
100 г чоколадо (млечно или за готвење)
200 мл сок од портокал
10 крем банани
200 мл слатка павлака за шлаг или 2 кесички шлаг изматени со млеко според упатството
Постапка:
Растопете го путерот и чоколадото. Биксвитите, оревите или лешниците и шеќерот измешајте, па додадете сок и растопен путер и чоколадо.
Добро изгмечете со раце. На тепсија или тацна ставете фолија.
Филувајте: смеса, крем банани, смеса. Израмнете ја тортата од сите страни и оставете во фрижидер да отстои околу еден час.
Превртете ја тортата на тацна, отстранете ја фолијата, уште малку обликувајте и премачкајте во дебел слој со шлаг.
2 РЕЦЕПТ
Потребни состојки:
5 јајца
250 г путер/маргарин
100-150 г шеќер во прав (по вкус)
2 големи кутии плазма бисквити
по потреба газиран сок од портокал (Фанта или слично)
10 чоколадни банани (крем бананчиња)
Постапка:
Пенасто изматете го путерот со шеќерот во прав, па додавајте една по една жолка. Во смесата додадете исечкани крем бабани и мелените бисквити.
По потреба додавајте газиран сок, колку да се замеси смесата (внимавајте да не претерате, треба да биде доволно аморфна смесата да може да се обликува со раце, а не да тече).
Во тркалезен калап ставете фолија и истурете ја смесата, па израмнете ја тортата.
Оставете ја тортата преку ноќ во фрижидер, префрлете на тацна и украсете со шлаг да се стегне, па дури потоа послужете.