Нема потреба од многу месење и развлекување на тестото како што е случај со другите рецепти кога треба да добиете големи и многу тенки кори, а сепак добивате вкусна и мека пита со сирење.




Доволно е да ги измешајте сите потребни состојки за тестото и малку да го замесите колку да стане компактно, а откако да одмори да го поделите на пест топчиња, па секое топче да го развлечете со оклагија го големина на плитка чинија, да ги наредите корите една врз друга, а помешу да ставите путер и сирење. Еве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 700 г брашно, 1 инстант квасец, 1 лажичка шеќер, 2 лажички сол, 2 јајца, 350 мл топла вода +- (по потреба). ЗА ПРЕМАЧКУВАЊЕ: 80 г путер, 80 г маргарин за премачкување и 400 г сирење. И УШТЕ: 1 жолчка за премачкување и малку сусам за одозгора




ПОСТАПКА: Од брашното, квасецот, солта, шеќерот, јајцата и топлата вода замесете меко тесто. Имајте во предвид дека јајцата треба да бидат на собна температура, а водата да биде млака и да ја додавате постепено, по потреба.




Тестото оставете го половина час да одмори во топла просторија или колку што е доволно за да ферментира и да го удвои волуменот, па поделете го на 6 приближно еднакви топчиња.

Маргаринот и путерот растопете ги во микробранова печка или на многу тивок оган (колку да можат да се размачкуваат лесно). Првото топче развлечете го со величина на плехот, претходно намастен со путер.




Кората исто така премачкајте ја со растопен путер, па наросете со сирење (свежо сирење или фета). Постапката повторувајте ја додека состојките да ги потрошите.
Потоа питата исечете ја на ромбови или по желба.




Последната кора премачкајте ја со растопен путер, па со изматена жолчка и наросете со сусам. Оставете покриено да одмори половина час на топло, па ставете да се пече во претходно загреана рерна на 200 степени, приближно 45 минути или додека убаво да зарумени.




Печената пита оставете ја 5-6 минути да одмори и малку да подизлади, па послужете. Во текот на печењето доколку забележите дека прерано заруменува, едноставно прекријте ја питата со алу-фолија и продолжете со печењето.




Коментар на Наташа Јовановска: „Рецепт за уште побрза пита: 2 јајца, сол, 1 кесичка прашок за печиво (10-12 г), 1 чаша (200 мл) растително масло, 1/2 чаша јогурт, 3 чаши брашно. Сето ова се меша, внатре по вкус се додава сирење, шунка… Одозгора се поросува со сусам. Се пече во намастено тавче.”