Потребни состојки:
5 кори за пита
5 супени лажици масло
250 г кашкавал (за пица)
За прелив
2 јајца
250 г свежо кравјо сирење (може замена 250 мл млеко или кисела павлака)
½ мало лажиче сол (5 г)
400 мл минерална/кисела вода
Постапка:
Преку една кора за пита прелијте 1 лажица масло, поросете со 50 г рендан кашкавал, па спојте се’ заедно во една лепеза (погледнете видео). Повторете ја постапката со останатите кори.
Пригответе го и преливот со јајца, малку сол, свежо сирење и кисела вода. Наместо свежо сирење сирење можете да ставите и околу 200- 250 мл млеко. Ќе биде еднакво вкусно и речиси нема да се забележува разликата кога лепезата ќе биде печена. Добро промешајте па прелијте преку сето.
Питата лепеза печете ја 220 степени околу 30-35 минути, до саканата боја. Откако ќе биде печена, изладете ја барем 20 минути, па дури потоа исечете и послужете.