Пробајте ја оваа уникатна комбинација на намирници, која ги активира механизмите во организмот за топење на масти, па и по завршетокот на диетата кај повеќето испитаници било забележано и понатамошно губење на килограмите.

Комбинацијата од намирници во оваа диета за многу кратко време овозможува чувство на ситост, а резултатот е брзо губење на килограмите.

Едноставната експрес диета спаѓа во групата брзи диети, а креирана е за да не чувствувате глад.

Ова е одлична диета за кратки патеки, после подолг период на обилна исхрана и кога сакаме да прекинеме со лошите навики во исхраната на кои обично сме подложни за време на различни празници.

Брзата диета значително ја ограничува количината на храна кој се внесува и како резултат на тоа доаѓа до мал дефицит на витамини и минерали, кои треба да се надополнат со адекватни суплементи.

Напомена: многу е важно да се истакне дека оваа диета се држи само 3 дена (72 часа), а секое нејзино продолжување може да биде контрапродуктивно!

Циклусот на оваа диета може да се повтори после четири дена умерена, стандардна исхрана.

1.ДЕН

Појадок: едно парче интегрален леб и една чаша млеко.

Ручек: 300 г компир пире, чаша зелен чај.

Вечера: 250 г салата направена од варен компир, варени јајца, со маслиново масло, чаша зелен чај.

2.ДЕН

Појадок: една чаша млеко

Ручек: 200 г компир пире, 100 г салата од зеленук, чаша зелен чај.

Вечера: еден свеж домат, чаша зелен чај.

3.ДЕН

Појадок: едно парче интегрален леб, една шолја кафе без шеќер.

Ручек: 300 г компир пире, чаша зелен чај.

Вечера: 250 г салата од варен компир и варени јајца со маслиново масло, чаша зелен чај.

Ако по завршетокот на диетата неколку дена не внесувате шеќери во исхраната, слабеењето ќе продолжи, па ќе можете да ослабете и дополнителни 3 кг без диета!