Потребни состојки:

3 јајца

15 лажици шеќер

15 лажици брашно

100 мл масло

200 мл млеко

1 прашок за печиво

За прелив:

200 мл млеко

15 лажици шеќер

50 г чоколадо

180 г путер/маргарин

2 ванилин шеќер

3 лажици какао во прав

Постапка:

Јајцата изматете ги со шеќер, додадете брашно помешано со прашок за печиво, млеко, масло и се’ рачно измешајте. Истурете во тепсија премачкана со путер и наросена со малку брашно.

Печете на 200 степени околу 20 минути. Сварете прелив од млеко, шеќер, путер, какао во прав и чоколадо. Топлиот колач додека е во тепсија исечете го на коцки и прелијте го одозгора со чоколадниот прелив.